Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

УСВОЕН НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА ВО ВИСИНА ОД 165.602.427,00 ДЕНАРИ

На 20 тата седница на Советот на Општина Новаци беше разгледан и усвоен Буџетот на Општина Новаци за 2023 година.

На оваа седница на дневен ред советниците разгледаа околу дваесеттина точки  од кои најважен документ беше усвојувањето на нацрт буџетот на Општина Новаци во износ од 165.602.427,00 денари.

„ Ова е нацрт буџет но до крајот на оваа година ќе имаме уште една седница на која ќе биде разгледан и усвоен конечниот буџет на Општина Новаци за 2023 година. Во вкупниот буџет од 165.602.427,00 денари влегуваат Блок дотациите со износ од 40.168.000,00 денари, Самофинансирачки со износ од 602.000,00 денари и Донации – 5.700.000,00 денари. Основниот буџет изнесува 119.132.427,00 денари. Во Нацрт Буџетот се влезени две развојни програми за периодот 2023-2025. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Советниците ги разгледаа и усвоија следните точки:План за изменување и дополнување на Планот на програма за развој – развојна потпрограма „Изградба на Индустриска зона “ с.Новаци, Измена на годишен план за јавни набавки на Општина Новаци 2022г., Програма за активностите на Општина Новаци во областа на Локалниот економски развој во 2023год., Програма и Акционен план за социјална заштита на граѓаните на Општина Новаци за 2023год., Програма за активностите на Општина Новаци во областа на образование за 2023 год., Програма за култура, културни активности и др. манифестации на Општина Новаци за 2023год., Програма за спроведување на активности на спортските друштва и одржување на спортската  инфраструктура  на Општина Новаци за 2023год., Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023год. и Одлука за кофинансирање на Општина Новаци во проектот:„Подобар квалитет на животот на населението и заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку планирање и инвестиции во комуналната ифраструктура“.

Покрај усвојувањето на тековните програми неопходни за работа на локалната самоуправа беа разгледани и неколку барања и тоа за: од група жители на село Новаци за градежен материјал за изработка на настрешница и градежен матерјал за изработка на детски парк,  од Месна Зедница на село Будимерци за градежен материјал (цемент) за изградба на базен во црквата „Св. Никола“, барање од Еколошкото друштво „Кајмакчалан“ с.Маково за финансиска поддршка на проект за заштита на географско потекло (брендирање) на мариовскиот мед, барање за поставување на цевка Ф-300 од с.Бач и сл.

Дваесеттата седница на Советот на Општина Новаци заврши со советнички прашања.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content