Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

УСВОЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2020 ГОДИНА

Советот на општина Новаци на последната 44-та седница со 5 гласа -ЗА и 4 гласа -ПРОТИВ го Усвои Буџетот на општината за 2020-та година како и Одлуката за извршување на Буџетот .

Вкупниот буџет е проктиран на 161.392.762 милиони денари а основниот буџет на 95.050.012 милиони денари.Најголемите приходи –капитални приходи се планирани по основ на експлоатација на минерални суровини во висина од 41.520.000 милиони денари , како и по надомест по основ на простор во висина од 5.000.000 милиони денари.Во вкупниот буџет влегуваат и дотациите за основно училиште “Славко Лумбарковски” во висина од 29.361.000 милиони денари кои ги доделува Министерството за образование и наука .Блок дотациите за социјална заштита изнесуваат 3.500.000 милиони денари .Билансот на капиталните расходи на кои им се дава приоритет се во висина од 64.837.872 милиони денари.Даночните приходи по основ на даноци се во висина од 6.025.100 милиони денари а од неданочни приходите се планирани 803.000 денари .Трансферите од други нивоа од власт се во висина од 81.822.542 милиони денари.Средствата во Буџетот се планирани по соодветните програми согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа на РСМ пропишани од Министерството за финансии.

Буџетот за 2020 година е реален и транспарентен ,изготвен по принципите на рационалност и наменско трошење со намалени непродуктивни трошоци и зголемени развојни програми во насока на максимална реализација на програмите и проектите кои се од интерес на граѓаните.

Креиран е и на начин сите идеи и барања на жителите сублимирани од посетите по месните заедници да најдат место во општинскиот буџет со цел да бидат реализирани.

На седницата се расправаше и за останатите 43 точки кои беа ставени на дневен ред меѓу кои беа и годишните програми од различни области за непречено работење и функционирање на општината и јавното комунално претпријатие и тоа :
-Предлог-Програма зa спроведување на активности на спортските друштва и одржување на спортска инфраструктура во општина Новаци за 2020 година.
-Предлог-Програма за култура , културни активности , културни и други манифестации на општина Новаци за 2020 година.
-Предлог-Програма за социјална заштита во општина Новаци за 2020 година
-Предлог-Програма за животна средина на општина Новаци за 2020 година
-Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2020 година.
-Програма за работа на Јавното претпријатие за комунални дејности Комунална Хигиена-Новаци за 2020 година.
-Програма за одржување на локалните водоводи во општина Новаци за 2020 година од Јавното претпријатие за комунални дејности Комунална Хигиена-Новаци
-Програма за одржување на Јавна Чистота на територијата на општина Новаци за 2020 година од Јавното претпријатие за комунални дејности Комунална Хигиена-Новаци
-Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2020 година.
-Предлог-Програма за изработка на општи акти на територијата на општина Новаци за 2020 година.
-Годишен план за јавни набавки за 2020 година на Јавното претпријатие за комунални дејности Комунална Хигиена-Новаци.

Советот со 5 гласа -ЗА и 4 гласа -ПРОТИВ ги усвои Капиталните инвестиции за 2020 година кои со нивна реализација ќе се подобрат условите за живот на граѓаните на општина Новаци .

Усвоени се и неколку барања од физички лица за доделување на еднократна парична помош за лекување и погребални услуги како и барањата од МЗ Гнеотино и Црковен одбор од црква Св.Атанас од с.Новаци

Советот ги усвои и следните Предлог-Одлуки,Одлуки и Решенија:

-Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година
-Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите за останатите вработени во општинската администрација кои земаат плата согласно Закон и Колективен договор, за 2020 година
-Предлог- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за реализација на финансиски трансвери до здруженија на граѓани,спортски,технички, и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица со посебни потреби за 2019 година
-Предлог-Одлука за реализација на финансиски трансвери до здруженија на граѓани, спортски, технички, и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица си посебни потреби за 2020 година
-Oдлука за спроведување на мерки на Превентивна дезинсекција и Систематска дератизација за 2020 година
-Одлука за давање согласност на Локален Акционен план за 2020 година за еднакви можности на мажите и жените во општина Новаци
-Решение за избор на Претседател и членови на комисијата за попис
– Решение за комисија за Попис во градинка Бамби

.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content