Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

📣Упатство до граѓаните

🚛Вработените во управувањето со отпадот се вториот човечки штит на јавното
здравство, по здравствените работници. Причината е што тие всушност доаѓаат во директен
контакт со она што го фрламе како отпад и она што го рециклираме и со оглед на
релативно долгиот период на преживување на вирусот, особено на пластичните и
хартиените површини и неговата голема преносливост, ризикот од загрозување на
оваа категорија работници станува многу повисок од оној кај просечниот граѓанин.

Поради ова, неопходно е сите да подадеме рака да се заштитиме, но и да им помогнеме на овие работници.

📣Во пракса, што можеме да сториме?

1.❗️ Неопходно е да се знае дека сите средства за заштита што ги користиме како
ракавици, маски, средства за дезинфекција и слично, не се рециклираат и треба да
бидат отстранети во контејнерите за мешан комунален отпад.
2. ❗️За време на пандемија не оставајте ги вреќите со отпадоци отворени, користете
ги специјалните кеси што се затвораат со врвка или едноставно врзете ги и затворете
ги херметички, колку што е можно.
3. ❗️Ставете ги кесите со отпад во контејнерот за мешан отпад и затворете го капакот
на контејнерот, така што нема да има контакт или можност од било кој да има контакт
со кесата или да не може да биде растурен од улични животни. Не оставајте ги кесите
со отпад надвор од контејнерите и околу нив. Во случај да контејнерот е веќе полн,
побарајте друг контејнер или чувајте ја кесата со отпад дома уште еден ден.
4. ❗️Избегнувајте работи што произведуваат дополнителни количини отпад, како
што е отпад од поправки и не оставајте на патот масивни предмети како мебел или
уреди што лесно на себе задржуваат микроби.

5. ❗️Отпад лесно развива микроби, па граѓаните да ги отвораат и затвораат
контејнерите со специјалниот педал, каде што постои или користете раквици каде
нема педала.

📣📣Ако сме во карантин или имаме сомнителен случај во нашиот дом:

1.❗️Доклку сте во оваа категорија на граѓани и имате навика да го селектирате отпадот,
додека сте во карантин не го рециклирајте отпадот (пластика, хартија, метал) за да ги
заштитиме работниците кои го собираат, а и оние во центрите за сортирање, кои
честопати ги одделуваат материјалите за рециклирање со рака.
2.❗️Наполнете ги кесите за отпад до 2/3, врзете ги цврсто и ставете ги во втора кеса која
исто така ќе ја затвориме цврсто. Бидете внимателни и двете кеси да бидат цврсти, а
во случај на сомнеж користете и трета кеса.
3.❗️Користете ракавици за да ги затворите и врзете кесите и за да ги отстраните во
контејнер, а овие ракавици, штом ќе се вратите дома, фрлете ги во следните кеси што
ќе ги користите.

📣📣Ако сме здрави и немаме сомнителен случај:

1.❗️Продолжуваме со рециклирање како порано, но внимаваме да не ги сместиме
средствата за заштита што ги користиме, како што се ракавици, марамчиња за
дезинфекција, маски, средства за дезинфекција, итн., бидејќи тие не се рециклираат и
треба да бидат ставени во кеси за обичен отпад.
2.❗️Не ги полнете кесите повеќе од 2/3 од волуменот и врзете ги цврсто.
3.❗️Во прилог на безбедноста на сите нас е да користите ракавици за да ги затворите и
врзете кесите и да ги пренесете до контејнерот за отпадоци.

📣📣Отпадот од лична заштитна опрема

1.❗️Отпадот од ЛЗО (како ракавици, маски, скафандери), потоа средствата за
дезинфекција и сл. не се рециклираат и треба да бидат отстранети во контејнерите за
мешан комунален отпад.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content