Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трет пат „Македонска етно венчавка“ во Новаци

14322407_1297277080296187_8247118382058251584_n

Во Општина Новаци по трет пат се одржа манифестацијата „Македонска Етно свадба“. Оваа година зет и невеста беа 41 годишниот Пеце и 26 годишната Весна Талевски од Битола. Во граѓански  брак стапиле пред 5 години и имаат две дечиња. Одлучиле на традиционална македонска венчавка со сите обичаи и адети да склопат и црковен брак.    

„Оваа манифестација секоја година привлекува голем број гости од целата општина како и соседните градови и полека станува вистинска туристичка атракција. Ние и понатаму ќе ја одржуваме традицијата и ќе го организираме овој настан затоа што на тој начин продолжуваме да ги негуваме старите адети и обичаи и им ги претставуваме на младите генерации за да ги запознаат, не ги заборават и да ги продолжат и применуваат во нивниот живот“, истакна Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.

14409669_1297278870296008_7521547224108085177_o

Манифестацијата е под покровителство на општина Новаци, а организатор е Центарот за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“ од Битола.

„Оваа година имавме пријавено само еден брачен пар, и планираме така да биде и во иднина, нешто слично како и Галичката свадба. Бидејќи минатите години имаше повеќе брачни парови, но беше малку потешко да се организира сето тоа. Ова е 7-ма по ред ваква свадба која ја организираме, претходно организиравме вакви настани и во Битола а трета година по ред ја организираме во Општина Новаци.Голема благодарност за градоначалникот Котевски кој не поддржува и овозможува да се зачува традиционалниот македонски обичај и иститот да се пренесе на младите луѓе“, потенцираше Александар Тодороски, Центар за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“.

Свадбата траеше три дена , започна во петокот во попладневните часови со сите традиционални обичаи канење на кумот, деверот, забрикување на зетот,сзамесување на сваќа (тесто), земање на невестата од домот на Славица и Никола Цветковски од Новаци, па се до црковната венчавка која се одржа во недела во храмот Св.Атанасиј во Новаци.

Македонската етно венчавка беше отворена со традиционалните обичаи и обреди од мариовскиот крај, односно месење тесто-погача, плетење цветни венци, китење на бајракот, торбите и картата за вино.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top