Средба со Умут Карајака, Претседател на Стопанската комора SASAID SAKARIA
Остварив средба со Умут Карајака, претседател на Стопанската комора SASAID SAKARIA, Здружение кое постои од 1991 година во коe членуваат 114 членови бизнисмени и индустријаци кои работат со изработка и монтажа на алуминиумска опрема и браварија, резервоaри и опрема за млекари и производство на млеко, продажба на пилешко месо, синџири на маркети и хотели, трговија со климатизери, архитекти и слично.
Пројавија интерес за нашата Индустриска зона во Новаци но и заради близината со грчката граница за можно оформување на парцели за продажба во Гермијан. Најавија нивна посета во периодот мај – јуни на нашата општина со цел информирање на лице место за можностите и потенцијалите за инвестирање.

0 Comments