Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со жителите на селата Добромири, Бач, Гермијан и Живојно

Работен викенд за градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски кој освари средба со жителите на Добромири, Бач, Гермијан и Живојно.

„Ги информирав за тековните проекти кои ќе ги правиме во нивните села, за поголемите капитални повеќегодишни проекти но секако ги слушнав и нивните барања, потреби и проблеми кои ке ги решаваме во периодот кој следи. Во овој временски период се креира општинскиот буџет кој треба да биде по мерка на жителите на Општина Новаци. Токму затоа ги правам овие средби со цел да се информирам соодветно во директен разговор и целосно да одговорам на нивните барања: чистење на канали, атмосферска канализација, изградба на парк, ограда и капела во Добромири, оспособување на простории за дружење на пензионерите и младите, за спортски активности, можности за наводнување на земјоделското земјиште, поставување на вага, помош при изградбата на крст и јарбол и чистење на поројот во Гермијан, тампонирање на патишта , одржување на уличното осветлување, обезбедување на техничка вода и чистење на резервоарот во Бач како и решавање на проблемите со превозот и лошиот прием на А1 и Телеком во Живојно.“ рече градоначалникот Стевановски.

Овие средби ќе продолжат и во наредниот период и секако дека ќе станат редовна практика во функционирањето на Општина Новаци.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content