Средба со жителите на селата Гермијан и Живојно
Градоначалникот на општина Новаци заедно со кандидатот за пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во И.Е бр.4 Мирјана Хаџиевска и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци, Стевче Стевановски ги посетија жителите на селата Живојно и Гермијан и побараа од нив да ги изнесат сите проблеми и барања кои ги имаат.
„ Жителите на село Гермијан побараа да им се изгради канализација, да се решат проблемите околу имотно правните работи на населението затоа што тоа им одмогнува при спроведувањето на легализацијата на нивните објекти, потоа побараа да се постави вага за мерење на стока до 1 тон во центарот на селото, да се постават цефки кај второто газилиште и кај стадионот, да се тампонираат одредени места во селото. Заради поголема безбедност потребно е да се постават браници на мостот на река Елешка и да се исчисти поројот и да се бетонира каналот. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Покрај со жителите на село Гемријан, беше остварена средба и со жителите на Живојно.
„Жителите на село Живојно од нас побараа да им се решат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот на пример да се обезбедат автобуски линии за Битола во пазарни денови, да се постават бехатон плочки во црвата, да се напрви водопоило за стоката, две нови автобуски постојки, да се тампонираат одредени патишта, да им се подели земјоделско земјиште на жуителите кое е отстапено од ЗК Пелагонија, да се набават дрва за пошумувасње на манастирот Св Илија, да се постави вага за стока до 1 тон и да се обезбеди подвижна аптека еднаш неделно.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Денес во вечерните часови планирана е средба со населението на Бач.