Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со жителите на Далбеговци, Горно и Долно Агларци

Работен викенд за градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски и претседателката на Советот Славица Стојковска Најдовска. Остварија средба со жителите на селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци со цел да ги слушнат директно нивните проблеми и потреби.

„ Овој период е карактеристичен за планирање на буџетот на Општина Новаци за новата фискална 2022 година. Остваривме средба со претседателката на Советот за да слушнеме што е она што на жителите им треба, како можеме да им помогнеме и да ги решиме нивните проблеми преку соодветно планирање на средствата од буџетот на општината. Покрај клучните проекти од мојата изборна програма кои ќе се прават во овие села ќе ги земиме во предвид и предлозите на жителите како: тампонирање на локални патишта, бетонирање и чистење на каналчиња за атмосферска канализација, замена на улични светилки, санација на бандера за улично осветлување, проверка на исправноста на мостот на 9 тиот канал, проширување на патот, реконструкција на детсиот парк во с. Далбеговци се само дел од работите кои ни ги споменаа жителите на овие села“ рече градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

Во следниот период градоначалникот Стевановски најави посета и на другите населени места во Општина Новаци и средба со месното население. Покрај ваквите директни средби жителите можат да даваат предлози и да пријавуваат проблеми на веб страната на Општина Новаци www.opstinanovaci.gov.mk .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content