Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спуштена завесата на Културно лето Новаци 2016

 

14047107_1276662919024270_6889715036349547717_o

Со спектакуларен концерт на популарната етно музичката група Синтезис пред многубројната публика во дворот на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци заврши Културно лето Новаци 2016 кое беше богато со културни настани и за најприбирливите.

Концертот на Синтезис имаше химана димензија поточно не се наплаќаа влезници туку на секој посетител доброволно му беше дадена можност да ја покаже својата хуманост а собраните финансиски средства се донираа за поплавените подрачја во Скопје.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски инаку главен покровител на Културно лето Новаци 2016 го изрази задоволството од големата посетеност и интерес што посетителите го покажаа за културните настани што ги имаше во голем број во општината.

  • Во оваа прилика сакам да го изразам моето задоволство што публиката со големо внимание и одлична посетеност ги проследи настаните што се одржаа во рамките на културната манифестација Културно лето Новаци 2016 како и на манфиестацијата Топол културен бран во Новаци за чија организација добивме поддршка од Министерството за култура на РМ. Во оваа прилика сакам да нагласам дека културата и сите настани поврзани со неа секогаш ќе ја  имаат нашата поддршка како локална самоуправа  – посочи пред многубројната публика првиот човек на општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски.

КИК Новаци беше имплементатор на културните настани кои се одржаа со подршка на Општина Новаци и Министерството за култура на РМ.

  • Со концертот успеавме во намерата да ги поттикнеме нашите сограѓани што уживаат во музиката во чие битие се втиснати македонските фолклорни мотиви да ја покажат својата хуманост – посочи Елизабета Јончик – кородинарот на манифестацијата Културно лето Новаци 2016.

Во завршницата на Културно лето 2016 се одржа и танцов музички перформанс „Модерни танци во рурални средини “ во дворот на општина Новаци а публиката беше импресионирана со секоја кореографија во настапот на членовите на танцовото студио Експоус од Битола , кои со својата жела за танцување пловеа по немирните води на таа прекрасна уметност и на публиката им овозможија незаобравни моменти. Присутната публика на настанот уживаше во звуците на самба, румба, ча ча , хоп хоп и сл.

Овој танцов перформанс и аматерската претстава „Учителот“ на КИК Новаци која се одржа во селото Гермијан беа дел од дветтиот Топол културен бран на Министерството за култура на РМ.

Културната манифестација „Културно лето Новаци 2016 „ во општина Новаци се одржа по 4 ти пат под покровителство на локалната самоуправа и првиот човек , градоначалникот Лазар Котевски.

Публиката која беше присутна на настаните во рамките на Културно лето Новаци 2016 имаше можност да проследи литературни настани, фолклорни , музичко сценски и бројни други културни случувања кои беа дел од официјалната програма на манифестацијата која беше отворена со Балканската фолклоријада и концертот на културно уметнички друштва и ансамбли од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија.Овој настан го организираше ансамблот за фолкор Гоце Делчев од Битола во рамките на манифестацијата Гоцеви денови.

 

Од друга страна за сите љубители на хип хоп културата и сите нејзини елементи визулено преку танц, Здружението за урбани култури и спортови „ Урбана унија“ од Битола подготви забава за младите со диџеите Неокс и Андреј.

За сите вљубеници во класичната музика заеднички концерт на класична музика во рамките на Културно лето ноавци 20016 одржаа Злата  Тошева сопран, марко Димовски баритон, Доминика Робе пијанист .Пламенка Трајковска од друга страна приреди композиции со латино теми и македонски традиционални композиции.

Во општина Новаци се одржа и манифестацијата Културни паметење меѓународна книжевна манифестација која се одржува во овој регион. На неа авторите гости имаа фрагменти од свои дела а се отвори и дебата на тема „Литературата како космополитизам кај нас и во Европа“ . На манифестацијата учество зедоа автори од земјата и странство.

Културното лето Новаци 2016 даде поддршка на едукативната креативна работилница „ Моделираме, рециклираме“ каде децата се едуцираа преку игра на начин најлесен за нив.Вредните детски раце изработуваа модели, предмети од пластика изработен на природен начин, макети , мозаици, разни предмети од рециклиран материјал. На работилницата учество зедоа околу 40 дечиња од Гермијан и Агларци.

На Илинден се одржа концерт со една единствена цел зачувување на културното наследство односно зачувување од заборав на народната песна и испеана од маките и патешествијата на македонскиот народ.Настапија КУД Рудина реномирана група која што со години ја негува народната музика со специфични инструменти :кавал, гајда, тапан, тарабука, мандолина и сл. исто така свој настап имаше и плетенка и солистите Стево Мегленски и Мита Петкоска кои ја негуваат етно музиката.

 

За љубителите на театарската уметност беше изведена претстава Дел арте од Битола комична претстава сбогатена со стенд ап скеќеви и музика од Празни муабети.Беше одржана и театарска претстава „ 1100 години Учителот „ на Културно иновативниот клуб Новаци.

Годинашното Културно лето Новаци 2016  беше затворено со голем концерт на македонската етно музичка група Синтезис.

 

 

V.M.Ml.

 

 

 

 

 

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top