Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со француска поддршка Новаци ќе развива меморијален туризам

tnt_7435

Општина Новаци домаќин на француската делегација од Коломбел со која уште пред две години започнале соработка за истражување , означување , чистење и документирање на позначајни места, локации и споменици од првата светска војна  на територијата на општина Новаци денеска беа презентирани резултатите од валоризацијата.

-Teренско истражување и чистење на сите оние поважни историски места кој што датираат од Првата светска војна , знаете дека нашата општина изобилува со богатство , културно историско наследство , значи ичистени се рововите кој што се на кота-1050 како рачно чистење и ископување за подостапно да биди местото за туристите и извршено е исто така и машиснко чистење на вегетацијата која што беше доста бујна на овие места , изјави Катерина Чукалевска, општина Новаци

Валоризацијата на  резултатите од досегашните  истражувања  на културните наследства на Новаци  допринесе  за развој  на алтернативниот и меморијалниот  туризам во Општината.

-Имаме и еден проект за Првата светска војна во меѓугранична соработка со Република Грција поточно со општина Алмопиа , мислиме доколку го дибиеме овој проект  сакаме да  реконструираме и санираме бидејќи имаме доста ровови кои се запуштени, имаме болници затрупани а и магацини , изјави градоначалникот  на општина Новаци -Лазар Котевски

Целта на посетата на француската делегација е воедно и покана на градоначалникот на Новаци на 11 ноември да присуствува  во Коломбел франција на потпишување на меморандум  за соработка . Гостите од Франција кои доста емотивно гледаат  на историските настани од Првата светска војна поради учеството на нивната  војска на тукашните терени , на стогодишнината, во Коломбел ќе изградат меморијален споменик.

 

– Всушност соработката почува уште од пред две години кога беа воспоставени првите контакти на  градоначалникот на општина Коломбел и градоначалникот на општина Новаци и нивната идеја доаѓа од интересот на градоначалникот на Коломбел кој што е историчар и е заинтересиран за сите случувања од Првата светска војна за територијата на Новаци. Сакаме да работиме на тема “мир и помирување“ преку оваа Прва светска војна. Затоа имаме план, во Колембел да изградиме еден споменик кој што ќе се однесува на мирот и помирувањето од Првата светска војна , изјави Енриет Од , општина Колобмел

Виновникот за визуелицазија  на достигнувањата е АЛДА партнер за оваа соработка.
– Проектот кој што всушност го прикажуваме денес е макотрпна работа од неколку години на истражувачи на полето на Првата светска војна всушност кој што се историчари и етнолози , експерти од Македонија и Франција кој што се претставени денес на таа брошура преку картите што ги претставуваме . Ова е почеток на нова фаза каде ние дополнително треба да ги промовираме овие резултати, изјави Ивана Петровска директор на АЛДА Скопје.

Покрај  расчистувањето на рововите, болниците, некогашниот аеродром и другата инфраструктура од бурните настани на периодот од 1916 до 1918 година, со овој проект изработена е веб- страна, билборди, карта, двојазични публикации, а на мапираните терени – ознаки и патокази на линијата од  фронтот.

 

Дополнителната  промоција на овие резултати за Новаци ќе значи и  поголем број на туристи заинтересирани за периодот  на првата светска војна посебно кога  се одбележува јубилеј  100 години.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top