Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СО НОВ ЛЕТЕН ФОЛК ХИТ ЗАВРШИ КУЛТУРНО- ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2021

Под покровителство на градоначалникот Љубе Кузманоски и Општина Новаци, традиционално во дворот на Општина Новаци се одржа Фестивалот за Избор на Летен Фолк Хит за 2021 во организација на Здружение за мода Пикси Студио-Новаци и ИН-ТВ продукција и сателитска телевизија.Околу 20 популарни фолк пејачи и 6 музички групи помеѓу кои Сузана Гавазова, Стојне Николова, Марјан Коцев, Туше, Борче Наумовски, Дарко Билбиловски, Дамјан Стојановски, Ташко Каранфиловски, Дани Даниела, Мики Тра-ла -ла, Пеце Ристески, Оливер Милошевски, Рубин Благадуша, Лени Партикова, Александар Велјановски, Интервал Бенд, Маестрал, Група Чебрен, Наталија и Деспина Бенд, Селект Бенд и останати настапија пред многубројната публиката која гласаше за избор на хитот.Од гласовите на публиката победник на овогодинашното издание на Избор на Летен Фолк Хит за 2021 година е Дамјан Стојановски со песната “Тешко мина докторе”. Второто место го освои Сузана Гавазова со “Бум Бум”, а на трето место од гласовите на публиката се пласираше Благојче Стојановски – Туше.Наградата за најдобар сценски настап ја освои Борче Наумовски а првото место од жирито го освои Сузана Гавазова . Изборот на Летен Фолк Хит за 2021 година се одржа според најновите мерки и протоколи на Министерството за здравство, редарска служба со приложување на потврда, сертификат за извршена имунизација, најмаклу прва доза и потврда од прележан Ковид првите 45 дена по прележувањето.И покрај рестриктивните мерки Фестивалот го просредија голем број на граѓани од општина Новаци и посетители од регионот и пошироко.Градоначалникот Кузманоски за време на настанот им се обрати на присутните, со порака дека и во иднина ќе продолжи финансиски да ги помага културните настани од ваков тип кој го збогатуваат културниот и забавен живот на различни генерации граѓани од општина Новаци со што директно се влијае на збогатување на туристичката понуда , зголемување на бројот на посетители од регионот како и локален културен развој.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content