СО НОВАТА МЕХАНИЗАЦИЈА ДО НАВРЕМЕНО И КВАЛИТЕТНО СЕРВИСИРАЊЕ НА УСЛУГИТЕ КОН ГРАЃАНИТЕ
Инвестирањето во нова и суфистицирана механизација и опрема значи и квалитетно сервисирање на услугите на граѓаните.
Со новите трактори Landini и John Deere и нивната приклучна механизација , хидраулична рака за косење , корпа и двата мулчери значително се подобри и олесни уредувањето на зелените и помалку пристапните јавни површини на цела територија на општина Новаци .
Во пролетната сезона кога имаме бујна вегетација, токму со оваа механизација се извршува навремено одржување на јавните површини пред се одржување на вегетацијата околу регионалните , локалните патишта и улици низ општината со цел обезбедување на поголема прегледност и безбедност при сообраќајот.
Денес општина Новаци може да се пофали со уредени јавни зелени површини .
0 Comments