Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со декларација ќе се подобрува и развива женското претприемништво во Општина Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, претседателката на Советот Славица Најдовска Стојковска и претставници од Националната платформа за женско претприемништво денес потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво во рамките на Националната платформа за женско претприемништво.„Препознавајќи го женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на свеста и допринесуваме во креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, со оваа декларација општината ќе се залага за следното:• Создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.• Обезбедување на системска поддршка за развој на женско претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој.• Градење на националната платформа за женско претприемништво како главен партнер во креирање на политики во реформскиот процес, преку поттикнување на поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање политики на локално и национално ниво.• Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво.• Промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика со цел зајакнување на женското претприемништво и придонес за зголемување на видливоста и опфатот на платформата преку активно промовирање позитивните примери за овозможување родова еднаквост.Најдовска Стојковска посочи дека Општина Новаци ќе продолжи и понатаму да се залага и да вложува во жените од нашата општина во застапување на жените во женското претприемништво, со спој на постојните мрежи што ќе претставува и интерес на жените претприемачки на сите нивоа.Оваа соработка произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка ио доверба со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел економско зајакнување на жените вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content