Со акција на пошумување одбележан првиот ден на пролетта во општина Новаци
Со започнувањето на пролетта денес симболично на 21 март кој е 80 тиот ден во годината според грегоријанскиот календар, дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната полутопка, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на јужната полутопка Општина Новаци спроведе акција на пошумување.
„ Денес со цел да го означиме првиот пролетен ден на рамноденицата организиравме акција за обновување на препознатливиот зелен појас од тополи на влезот во Новаци. Засадивме околу 150 млади садници односно на местото на исушените дрва засадивме нови млади коренчиња тополи. Во акцијата беа вклучени и младите од општината, децата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“, вработените во општината и комуналното претпријатие.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Овај ден градоначалникот Стевановски го одбележа и со најмладите жители, дечињата од Детската градинка „Бамби“ од Новаци.
„Со дечињата заедно засадивме дрвце магнолија во дворот на градинката и го одбележавме почетокот на пролетта и го истакнавме значењето на природата, нејзиното обновување, негување и заштитата на животната средина“ рече Стевановски.

Ова е втора акција за пошумување во пет месечниот мандат на Стевановски како градоначалник на Општина Новаци. Претходно беа засадени млади засдници багреми во месноста викана Преслап во атарот на село Маково.
0 Comments