Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ja одржа 26 тата седница

Советот на Општина Новаци ја одржа 26 тата седница на која на дневен ред се разгледа  околу петнаесеттина точки.

По усвојувањето на Записниците од 24-та и 25-та седница на Совет на Општина Новаци, советниците ги разгледаа и усвоија следните документи:  

-Завршна сметка на Општина Новаци за 2022 г.;

-Годишен извештај на Општина Новаци за 2022 г.;

-Завршна сметка на ЈОУДГ „Бамби“ с.Новаци за 2022г.;

-Завршна сметка на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци за 2022 г.;

-Предлог – План за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година;  

-Предлог- Програма за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2023 година,

-Годишен извештај за спроведување на утврдени тарифи – водоснабдување на ЈКПД „Комунална хигиена“ – Новаци за 2022 г.,

-Годишен Извештај на извршените работи за одржување на јавната чистота во Општина Новаци на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;

-Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена “– Новаци за 2022 г.;

-Одлука за одобрување на средства за одбележување на празникот на Општина Новаци “30 – ти Март“ 2023 г. и

-Одлука за одобрување на средства за одбележување на 117 години од смртта на војводата Ѓорги Сугарев на 25.03.2023 г.с

Како дополнување на денешната седница советниците ги разгледаа и барањето за користење на фудбалскиот стадион во Новаци од ФК Атлетико од Битола, неколку барања за еднократна парична помош од физички лица по предлог од Комисијата за доделување на еднократна парична помош при Советот на Општина Новаци, како и одлуката за сопствено учество – кофинансирње на Општина Новаци за обезбедување на финасиски средства за Изградбана отворено спортско игралиште во Бач.

Седницата заврши со советнички прашања.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content