Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 9-тата седница

Советниците во советот на општина Новаци денеска ја одржаа деветтата седница на која имаа околу петнаесеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот од претходната седница советот донесе неколку одлуки ит оа:за одобрување на средства за исплата на дневници на ракувачот на ровокопачот, за одобрување на средства за набавка на гориво-нафта за ровокопачот, за одобрување на средства за исплата на трошоци за транспорт на ровокопачот и  одобрување на средства за исплата на трошоци за  солидарен надоместок при евентуален дефект на ровокопачот.

Советниците разгледаа и неколку барања и тоа од Планинарското друштво ,,Медикус,, Битола за донација за маршот Мариово 2018, финансиска помош за Здружението на еднородителски семејства ДЕЛ од СИТЕ Битола,неколку барања за финансиска помош на физички лица заради лекување.

 

На денешната седница беше донесена и одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година, за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година ,за проширување на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година, за одобрување на средства за реновирање на кровот и дел од просториите на амбулантата во с.Бач. Исто така беше донесена измена и дополнување на одлуката за формирање на работна група за селдење, мерење, обработка и доставување на пдоатоци до РСБСП и предлог измена на програмата за санација, одржување на полски патишта и чпистење на земјените канавки покрај локалните и полски патишта во општина Новаци за 2016 година.

На денешната седница беа донесени и неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за селата .Долно Орехово и  Добромири.

Back to top
Skip to content