Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 7 мата седница

На денешната седма седница на Советот на Општина Новаци, на дневниот ред пред советниците се разгледаа околу 25 тина точки.

Седницата започна со усвојување на записникот од претходната шестата седница, па продолжи со разгледување и усвојување на завршната сметка на Општина Новаци за 2021 година, годишниот извештај за 2021 година на Општина Новаци и пренамена на Основниот буџет на Општина Новаци за 2022 година.

Денеска се разгледаа и неколку документи кои се важни за работењето на детската градинка „Бамби“ од Новаци и тоа: завршна сметка за 2021 година, согласност за работа на воспитни групи со поголем или помал број на деца, согласност за утврдување на почетокот и завршувањето на работното време во градинката.

Вакви документи беа разгледани и за ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци како што е завршната сметка, барање за финансиски средства и дополнителни средства за подмирување на долгот кон ЕДС АД Скопје за месец декември 2021 г и јануари 2022 година, како и барање на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за обезбедување парични средства за уплата во Централен регистар.

Советниците ја разгледаа и усвоија предлог програмата за јавни дејности – образование, извештај-преглед за реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2021 година и предлог програмата за изградба и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2022 година, планот и програмата за работа на КУД Новаци од Новаци за 2022 година како и барањето за финансиски средства, предлог акциониот план и програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2022 година, предлог одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичка планска документација, правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош за физичи лица.

Разгледан и усвоен беше финансискиот и наративниот извештај за искористените средства за проектот Културно забавно лето Новаци 2021 година од страна на Здружението за мода Пикси студио Новаци и одобрени беа финансиски средства како кофинансирање на Општина Новаци за изградба на спортска теретана на отворено во склоп на спортската сала Новаци.

Разрешен е стариот член и именуван нов член на Управниот одбор на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци и разгледано беше барањето за помош на МЗ Старавина за препокривање на црквата Богородица во с. Старавина.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content