Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 69-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа 69-тата седница на која имаше неколку точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот за претходната седница се продолжи на разгледување на неколкуте точки кои се најдоа пред советниците на денешната седница.

Советниците донесоа одлука за утврдување и обележување места за истакнување на изборни плакати за локалните избори 2017 година. Потоа беше донесена предлог одлука  за утврдување на услови за начинот на градење во село Живојно за кое нема урбанистички план.

Како допонување на денешниот дневен ред се најдоа уште две точки кои беа разгледани и усвоени и тоа: предлог одлука за одобрување на средства за плакање на фактури за потрошена електрична еенргија и годишна програма  на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2017-2018 година.

Back to top
Skip to content