Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 58-мата седница

img_0957

 

Советот на општина Новаци ја одржа 58-мата седница на дневен ред на која се разгледуваа и се разправаа за десеттина точки на дневен ред.

Како и обично седницата започна со усвојување на записникот за 57-мата седница а продолжи со усвојување на предлог одлуката за краткорочно задолжување на општина Новаци.

Потоа се разгледа и се одобри предлог програмата за санација и одржување на полските патишта во општина Новаци за 2016 година, предлог одлуката за пренамена на средства од по ставки во буџетот на општина Новаци за 2016 година како и пренамена на средства од буџетот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Советниците донесоа предлог одлука за не вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(TC 10/0,4 KВ ,,Градешница,,).

На самиот крај на седницата беа разгледани и две барања од физички лица за еднократна парична помош за направена штета од елементарна непогода на куќа и земјоделски површини.

 

Back to top
Skip to content