Советот на општина Новаци ја одржа 52 рата седница
Советниците во Советот на општина Новаци трет пат се сретнуваат во месец јуни на 52 рата седница на која расправа и изгласаа околу петнаесеттина точки на дневен ред.
На самиот почеток по усвојувањето на записникот за претходната седница беа донесени неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска докуемнтацвија за с.Новаци, беше разгледана соработката помеѓу ДПД Пегаз Еду од Битола и општина Новаци како и барањето од МПЦ-ОА Преспанско пелагониска православна епархија за одобрување на финансиски средства за приклучок на дистибутивната мрежа на EVN Макеоднија за манастирот СВ.Недела с. Сливица.
Советниците им одобрија донација – гориво на шумската полиција за ефективно спречување појава на пожари на територијата на Општина Новаци, беше разгледано и одобрено барањето од Месната заедница Долно Орехово за одобурвање на тампон за санирање на патот до манастирот Св.Филип.
Советот на општина Новаци донесе Одлука за измена и дополнување на листа за определување на имиња и улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Новаци.
Беа одобрени и средства за лекување на физичко лице.