Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 45-тата седница

DSC_5815

Советот на општина Новаци се состана и ја одржа 45 –тата седница која како и секогаш започна со усвојување на записникот од претходната 44-та седница.

На денешната седница советниците имаа полни раце работа затоа што разгледаа околу триесеттина точки на дневен ред.

Донесоа одлука за усвојување а тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01-31.12.2015 година,предлог одлука за измена и дополнување на ОДлуката за извршување на буџетот на општина Новаци за 2016 година,  ја определија висината на благајничкиот денарски и девизен максимум, а формираа и Комисија за проценка на штети при елементарни и други непогоди, го усвоија полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2015/2016 година а донесоа изаклучок за усвојување на извештајот за извршен редовен попис во општина Новаци со состојба заклучно до 31.12.2015 година.

Советниците ја разгледаа можноста и донесоа одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани, спортски , технички и научни друштва, наменски дотации за културно – уметнички манифестации и еднократна помиш за физички лица.

Советниците донесоа и неколку одлуки поврзани со спортските активности во општината односно одлука со која се одобруваат средства за плаќање на потрошена електрична енергија за фудбалскиот стадион во с. Новаци,одобрена беше програмата за одобрување на финансиски средства за учество во трета македонска фудбалска лига – пролетен дел 2016 година,одобрена беше одлука за давање согласност за изнајмување на салата во основното училиште „Славко Лумбарковски“ определување предлог ценовник за таа намена.

Се донесоа и неколки одлуки за вклопување на изградени објекти во идна планска урбанистичка документација за КО Петалино, и КО Новаци..

Советот на општина Новаци донесе предлог програма за изработка на општи акти на територијата на општината за 2016 година, предлог програма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортска инфраструктура за 2016 година и предлог програма за изработка на урбанистички планови за 2016 година.

Беа одобрени и неколку индивидуални барања за средства за превоз и набавка на градежен материјал како и раањето од Македонската православна црква – Охридска архиепископија , преспанско – пелагониска епархија за одобрување на средства за плаѓање на фактури за изработка на елаборати за храмови и манастири на територијата на општина Новаци.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top