Советот на Општина Новаци ја одржа 22 рата седница
По усвојувањето на записникот од претходната седница, советниците го разгледаа и го усвоија дневниот ред на кој денес имаше петнаесеттина точки.
Советниците го разгледаа и го усвоија Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 до 31.12.2022 год, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.; Предлог Акциониот план и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на Општина Новаци за 2023 год.;Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување на еднократна парична помош за новородено дете од подрачјето на Општина Новаци.
На денешната седница советниците донесоа и неколку документи поврзани со работењњето на основното училиште и тоа: Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за ученици запишани во прво одделение во ООУ ,,Славко Лумбарковски“ Новаци и неговите подрачни училишта, беше разгледан и усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на установата ОУ„Славко Лумбарковски“-Новаци за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до 31.12.2022 год, како и Статутарната одлука за дополнување на основен Статут на ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци.
Советниците ги разгледаа и усвоија и следните документи: Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Новаци за 2023 год, Квартален извештај за извршување на Буџетот на ЈОУДГ „Бамби“ за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2022 до31.12.2022 год. и Методологија за определување на критериуми за доделување на финансиска помош од Буџетот на Општина Новаци на здруженија на граѓани, фондации како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно- уметнички друштва, верски заедници и слично.
Советниците разгледаа и неколку барања и тоа за финансиски средства за подмирување на долг по основ на краткорочен кредит од ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци и барањето од Благоја Јовановски од с. Новаци за одобрување на градежен материјал (50 метри цевка Ф150) за одвод на атмосферска вода.
Како дополнување на денешната седница беше разгледана и донесена одлука за обезбедување средства за надоместок за воспоставување на службеност и потполна експропријација за Изградба на улица од пошта до Златен клас во с.Новаци до крај канал, Општина Новаци.
Седницата заврши со советнички прашања.
0 Comments