Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА 18 – ТАТА СЕДНИЦА

По усвојувањето на записникот од претходната седница, денес Советот на Општина Новаци ја одржа 18 тата седница со десеттина точки на дневен ред.

Беа донесени измени на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Новаци за 2022г. и Развојни Програми за индустриската зона во с.Новаци и канализационен систем  во с.Добромири за 2023 – 2025.

Советниците расправа и донесоа неколку предлог – одлуки и тоа за:кофинансирање за изградба на дел од патот од с.Градешница до манастир „Св.Илија“ (Брен), за воспоставување на меѓуопштинска соработка  помеѓу Општина Новаци и Општина Битола  за вршење на определени работи од надлежност на заштита на животната средина (овластено лице за одобрување на елаборат за заштита на животната средина ) од страна на општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци, за воспоставување на меѓуопштинска соработка  помеѓу Општина Новаци и Општина Битола  за вршење на определени работи од надлежност на инспекциски надзор (овластен инспектор  за животна средина и комунален инспектор) од страна на општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци и предлог – одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување за прослава на Новата 2023 година, Божиќните празници и празникот Богојавление (Водици).

Денес беа разгледани и неколку барања од ЗФК „Новаци 2011“-Новаци, од Здружение на граѓани ФК „Пелистер Ветерани Профи“, од М.З. на с.Грумази за санација на локален пат, за одобрување на градежен материјал (50 метри цевка Ф 150) за одвод на атмосферска вода од Благоја Јовановски од с.Новаци, од манастирот во Маково за изградба на настрешница  и барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content