Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 15 тата седница

По Усвојувањето на Записникот од претходната седница, Советот на Општина Новаци започна со разгледување на точките на дневниот ред на денешната 15 та седница.

Советниците донеаоа предлог  за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Новаци и општина Ресен за вршење на определени работи во надлежност на одделение за финансии и  финансиски прашања-проценител на недвижен имот од страна на општина Ресен  во корист и за сметка на општина Новаци, измена и дополнување на решение за именување Персонален состав на штаб за заштита и спасување во единица на локална самоуправа Новаци бр.14-104/17 од 30.01.2018година, измена на преглед на персонален состав на универзална единица во јачина на вод согласно Одлуката за формирање на сили за заштита и спасување на општина Новаци арх.бр.14-900/27 од 09.10.2015година, одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2021/2022 година, одлука за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ Славко Лумбарковски, Новаци за учебната 2022/2023 година, предлог измени и дополнувања на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2022 година, предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Август 2022г (набавка на градежни матерјали-бетон), предог-Измена на годишен план за јавни набавки на Општина Новаци –Август 2022г (Набавка на дрва за потребите на ООУ Славко Лумбарковски-Новаци и Изградба на новопроектирани улици во индустриската зона Новаци-Улица 1 и Улица 4)).

Советот на Општина Новаци го разгледа и предлог годишниот  извештај за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ – Новаци за период 2021/2022 година, предлог годишната програма за работата на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци за период 2022/2023 година, одлука за давање на согласност на годишниот  план за вработување за 2023 година на детска градинка ЈОУДГ БАМБИ  –Новаци, одлука за давање согласност  за работата на воспитно –образовните групи во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ –Новаци, одлука за утврдување на почеток и завршеток на работно време  во детска градинка ЈОУДГ БАМБИ  –Новаци,

Исто така беше разгледан и годишниот  план за вработување за 2023 година за Општина Новаци како и одлуката за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023г. на МЈП „ПЕЛАЛИНК “-Битола, Предог-Измена на Годишен план за јавни набавки на општина Новаци –Измена Август 2022г (Набавка на таблети за потребите на учениците од 4-то одделение од ООУ Славко Лумбарковски-Новаци).

На денешната 15 та седница на Советот на Општина Новаци се разгледа и се донесе одлука за давање на согласност на Годишен план за вработување за 2023година на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци, одлука за усвојување на шестмесечниот извештај за работењето на ЈПКД Комунална Хигиена –Новаци, се разгледа барањето од вработените во општинската администрација за продолжување на организираниот превоз од општина Новаци на релација Битола – Новаци и обратно кој претходно со Одлука на Совет на општина Новаци беше одобрен.(во прилог пресметка за вкупните месечни финансиски средства за организиран превоз).

Советниците донесоа предлог Одлука за ослободување на  корисниците на социјална помош од општина Новаци од плаќање на сметки за комунални услуги кон ЈПКД Комунална Хигиена-Новаци и предлог  анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за административни службеници и други вработени во општина Новаци поради усогласување на платите со минималната плата.

Советот на Општина Новаци ги разгледа барањата за финансиска помош  од ЗФК „Новаци 2005“за отпочнување на припремите за новата натпреварувачка сезона (есенски дел) 2022година, за подмирување на заостанати неподмирени трошоци од пролетната натпреварувачка сезона 2022година, за обезбедување на превоз во сопственост на општина Новаци за фудбалската екипа за есенскиот дел од првенството 2022/2023г а беше разгледан и Извештајот  од ЗФК Новаци 2005  за потрошени финансиски средства доделени  по Одлука на Совет на општина Новаци во изност од 300.000,оо денари .

Секако денешниот на денешниот дневен ред беа разгледани и барањата од МЗ Горно Агларци за поставување на чешма за вода во близина на повеќенаменското игралиште, од Месна заедница с.Долно Агларци за одобрување на цевка во должина од 8м за потребите на селото таму каде што има потреба, од Друштво за трговија, градежништво, инвестиции и услуги АЛНАСЕР 2000 Компани ДОО Скопје, одговорно лице Јове Јосифовски за одобрување на две нови арматури лед улично осветлување кај фабриката за производство на минерална вода во с.Гермијан, од Месна Заедница на село Тепавци  за организирање на дистрибуција на вода со камион цистерна согласно потребите на локалното население со цел надминување на проблемот со недостигот на вода во  летниот  период, од Црковен одбор на црква Св.Петар и Павле од с.Долно Агларци за одобрување на финансиски средства во  градежни материјали за реконструкција на кровот на црквата, од Месна заедница од с.Долно Орехово за одобрување на пластично полиетиленско црево Ф63 во должина од 450м како и спојки и обезбедување на градежна машина Скип за ископ на каналот со цел решавање на проблемот со водоснабдувањето и барање од Месна заедница с.Грумази за асфалтирање на патот до с.Грумази во должина од 4км.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content