Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа седмата седница

 

 

Советот на општина Новаци денеска имаше полни раце работа . На денешниот дневен ред се најдоа четириесеттина точки. По усвојувањето на записникот седницата продолжи со усвојување на завршната сметка на општина Новаци за 2017 година и завршната сметка на училиштето ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци, пописната листа за расход и отуѓување на основни средства на општина Новаци,  акциониот план и програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на општина Новаци за 2018 година.

Советниците донесоа и одлука за вклопување на бесправни објекти во идна урбанистичка планска документација  за црковни објекти и тоа Св.Илија Живојно, црква Св Ѓорѓи во Градешница  и конак во село Сливица. Вакви одлуки се донесоа и за бесправно изградени објекти на индивидуални сопственици за нивно вклопување во идна урбанистичка планска документација за селата: Далбеговци и Велесело.

На денешната седница беше формирана и комисија за месна заедница, предлог одлука за одобрување на приоритет на проект изградба на пречистителна станица за отпадни води во с. Новаци и изградба на цевковод за водоснабдување  на селата:Бач,Брод,Живојно и Добровени.

 

Советот на општина Новаци донесе одлука за одбележување на празникот на Општина Новаци 30 март,предлог одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на општина Новаци,  одлука за измена и дополнување на одлука за основање на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, одлука за усвојување на Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2017 година,одлука за усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2017 година.

 

 

Советниците денска разгледаа и неколку барања и тоа измена на барање од Талевски Николче, Јанкуловски Златко,Марковски Оливер од с.Новаци за одобрување еднократна парична помош за учество на саем во Будимпешта, барање од Здружение за ревитализација на с.Груниште за одобрување на средства за градежни матерјали, за потребите на манастирот Св.Петка, од Ристе Момоковски од с.Градешница за одобрување на финансиски средства за ќерките-Ана, Марија и Атанасија за учество на меѓународни натпревари во карате( за котизација, чланарина, превоз и др,барање за давање мислење за изградба на мала хидроелектрична централа  МХЕЦ 213  на Бела река, барање од Кошаркарски клуб,,Младост,,Битола за одобрување на финансиски средства за организирање на 8 Велигденски меѓународен кошаркарски турнир ,,Битола 2018,,, барање од Трендафил Талевски с.Далбеговци за одобрување набавка на пластична одводна цевка(9м), барање за еднократна парична помош од Станко Мицевски с.Новаци за направени трошоци за лекување и за понатамошно лекување.

 

 

Исто така советот ја донесе предлог-измената на програмата за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјаните канавки покрај локалните и полски патишта во општина Новаци за 2016 година, програмата за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјаните канавки покрај локалните и полски патишта во општина Новаци за 2018 годин, програма за изградба , реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Новаци за 2018 година.

Советниците на седницата доенсоа и предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант,согласно Договор за финансирање СЕПАРИС број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: “Водоснабдување и одведување на отпадни води“ во врска со
Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 83/10) и Одлуката за распределба на средства согласно договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 154/2010), меѓу Општина  Новаци  и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.

 

            На седницата имаше и пет точки на дневен ред како дополнување при што беа донесени неколку одлуки и тоа за:измена на распоредот на средства на Буџетот на опшштина Новаци за 2018 година, за проширување на средства на буџетот на општина Новаци за 2018 година, одлука за давање согласност на ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци за отворање на Донаторска сметка за приходи и расходи на финансиски средства, одлука за отстапување на телевизор на ОУ ,,Славко Лумбарковски,,Новаци-Подрачно оделение Бач. Беше разгледано и известување од Министерство за финанси во врска со одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на буџетот на општина Новаци за 2018 година и барањето од ЗФК Пелагонија с.Добромири за одобрување финансиски средства(60.000,00 денари) за натпреварување во општинска лига Битола-Пролетен дел 2017/18 година.

 

Back to top
Skip to content