Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја оддржа 18 тата седница

По усвојување на записникот од 17-та седница ,советот на општина Новаци  го разгледа и усвои дневниот ред  со 15 тина  точки и доплнување од 7 точки

Советот најпрво ја усвои  Одлука за учество на општина Новаци во реализација на Основен проект-Реконструкција на доводен цевковод од 5-те чешми(833.974,00 денари).

Советниците едногласно  усвоија неколку Решенија и тоа:

  1. Решение за избор на претседател на Комисија за мандатни прашања,избори и именувања

2.Решение за избор на член на Комисијата за финанси,буџет и локален економски развој

3.Решение за избор на на член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

4.Решение за избор на преставник од општина Новаци во Управниот одбор на ОУ,,Славко Лумбарковски,,Новаци.

На седницата советот донесе неколку предлог одлуки и предлог измени и  тоа :

1.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(по барање на Македонски телеком АД Скопје деловен објект КО Бач)

  1. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(по барање наМПЦ Преспанско Пелагониска Епархија манастир Св Димитрие с.Зовиќ)

3.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(по барање на Пецо Петровски од Битола

  1. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација(по барање наМПЦ Преспанско Пелагониска Епархија манастир Св Атанасиј с.Градешница).
  2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлука за реализација на финансиски трансвери до здруженија на граѓани,спортски,технички, и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица си посебни потреби за 2018 година.
  3. Предлог-Измена-Програма зa спроведување на активности на спортските друштва и оддржување на спортската  инфраструктура во  Новаци за   2018  година.

 

Советот  ја донесе  Годишната  Програма на ООУ,,Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2018/2019 година како и Планот за измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Новаци за 2018 година-Септември 2018 година и усвои неколку барања и тоа:

  1. Барање од ЗФК Пелагонија с.Добромири за финансиски средства во висина од 60.000,00 денари за натпреварување во Општинска лига- Битола Есенски дел 2018/2019 година.
  2. 2. Барање од ЗФК Новаци 2011 Новаци за финансиски средства за натпреварување во Општинска лига- Битола Есенски дел 2018/2019 година(50.000,00 денари).

 

          

Како дополнување  на седницата  се разгледаа и  следните барања:

 

Се усвојува барањето  за  еднократна парична помош на Колевски Николче од с. Новаци

Се усвојува барањето  од Месна Заеница с.Живојно за набавка на градежни матерјали(4бетонски цевки Ф-1000(4м) и 4 коругирани одводни цевки Ф-300(24м).

Не се усвојува барањето  од Центар за едукација и негување на традицијата и фолклорот ЕТНО-ИЛИНДЕН Битола, за одобрување на средства за автобуски превоз до Будва- Црна Гора.

Не се усвојува барањето  од Центар за едукација и негување на традицијата и фолклорот ЕТНО-ИЛИНДЕН Битола, за  одобрување на средства за прифаќање и пречек на гостите од Република Хрватска(фолклорна група Плетер од Дугополе)

 

Разгледување на барање за соработка со фондацијата Бибевски во Мајами Флорида-САД

Разгледување на барање од М.З. с.Мегленци-Општина Новаци не е надлежна по ова барање

Известување од ЗФК Новаци 2005 Новаци.

 

 

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content