Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ja одржа 66-та седница

SAMSUNG CAMERA PICTURES

 

Советот на општина Новаци веднаш по најголемиот христијански празник Велигден, ја одржа 66-тата седница . На денешниот дневен ред имаше околу триесеттина точки кои беа разгледани и одобрени.

Како и секогаш седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа беше донесена предлог одлука за кофинансирање на општина Новаци за вршење на проектна документација на основен проект за Инсталации за управување со отпад на пелагонискиот регион во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад на пелагонискиот, југозападниот, вардарскиот и скопскиот регион“ финансиран ореку Инструментот за претпристапна помош ИПА Оперативна програма за регионален развој 2007-2013, компонента 3 и МЖСПП.

На денешната седница беа донесени и неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за неколку села и тоа за КО: Гермијан, Бач и Сливица, одлука за проширување на средствата во буџетот на општина Новаци за 2017 година и набавка на велигденски пакетчиња за хуманитарни цели.

Советниците ја рагледаа и донесоа програмата за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2017 година, беше донесена одлука за одобрување на средства за здружението „Рурална жена“ и одлука за доделување на средства наменети за згрижување на кучиња скитници.

Исто така беа разгледани неколку барања кои беа усвоени и тоа: од МЗ Гнилеж за набавка на градежни материјали за изградба на манастриот Св. Илија, МЗ Маково за набавка на гориво за чистење на браните и полските патишта во селата: Маково, Рапеш и Орле, МЗ Рапеш запартерно уредување во близина на мостот на река Црна, кај браната и на регионалниот пат Рапеш-Старавија,  барање од манастирот Рождество на Пресвета Богородица Новаци за одобрување на средства за набавка на материјали – песок, ФК Новаци 2005 за доделување на средства за натпреварување во втората македонска фудбалска лига – пролетен дел, од СОЗУ „ Кузман Шапкарев“ Битола за набавка на прехрамбени производи и безалкохолни пијалоци за реализација на акција за облагородување на дивата круша во општина Новаци – Маково.

Советниците на денешната 66-та седница донесоа три одлуки и тоа: за имплементација на проект од Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2014-2020 со акроним Agrowchain на општина Новаци, за имплеметација на проект на КЈП Комунална хигиена Новаци од гореспоменетата програма под акроним Symbiosis и одлука за одобрување на средства за подмирување на финансиските обврски кон Фондацијата Преда.

Согласно денешниот дневен ред беше донесена и одлука за добрување на средства за изработка на проектна документација и изградба на потпорен ѕид и мост на река Коњарка, акционен план и програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на територијата на општина Новаци за 2017 година, предлог програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од 5 години, беше донесена одлука за одобрување средства за проширување на канализационата мрежа во с. Новаци, санирање на патот до манастриот св. Димитрија во с. Зовиќ и набавка на градежни материјали, доделување на средства за набавка на градежни материјали за црквата Св. Ататнасиј во Гермијан.

На Месните заедници Бач и Скочивир им беа одобрени барањата за доделување на средства за набавка на градежни материјали а советниците позитнивно изгласаа за доделување средства за реконструкција на манастриот Св. Пњетка во с.Груништа, црквата во с. Градешница  и апртерно уредување во дворот на манастирот Св. Стефан во Гнеотино.

 

 

Back to top
Skip to content