Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја одржа 15-та седница во Општина Новаци
Денеска во Општина Новаци, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја одржа 15-та седница.
По усвојувањето на записникот од претходната седница, беа разгледани неколкуте точки на денешниот дневен ред и тоа:
– Информација за истекување на мандат и распишување на оглас за Директор на Центар за развој на Пелагонискиoт плански регион
– Разгледување и усвојување на втора предлог измена на годишен финансиски план за 2023 година на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
– Разгледување и усвојување на предлог Акциски план за 2024 година за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2021-2026
– Разно
0 Comments