Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Синтезис совршен крај на едно лето

13975352_1276662925690936_5446479041816352412_oКултурното лето Новаци, заврши со концерт на етно македонската музичка група Синтезис, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ .

Со прекрасна македонска песна и со етно звуците на нивните познати музички теми присутните уживаа во прекрасна атмосфера. На настанот освен жителите на општината можеа да се забележат и голем број гости и посетители од соседните општини. Концертот заврши со громогласен аплауз од страна на воодушевената публика. Овој настан беше круна од низата културни настани кои ги имплементираше Културно иновативниот клуб Новаци и кои се одржуваат со поддршка на Општина Новаци и Министерството за култура на Република Македонија.

Концертот освен што го затвори културното лето, имаше хумана цел, влезниците не се наплаќаа, а секој посетител доброволно можеше да донира средства според своја желба и можност кои што ќе бидат донирани на жртвите од поплавените подрачја во Скопје.

Пред концертот на Синтезис се одржа танцовиот музички перформанс Модерни танци во рурални средини, во дворот на општина Новаци, кој донесе со секоја кореографија можност за уживање во настапот на членовите на танцовото студио „ЕКСПОУС“ од Битола , кои со својата желба за танцување пловеа во немирните води на таа прекрасна уметност и и пружија прекрасни незаборавни моменти на публиката.

Беше прикажана и аматерската театарска претстава „Учителот“ на Културно иновативниот клуб Новаци во с.Гермијан, како дел од Топлиот културен бран .

 

Back to top
Skip to content