Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СЕ ЧИСТАТ ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци заедно со АД Водостопанство ,подружница Битолско Поле – Битола интензивно работат на чистење на одводните канали и нивно постојано одржување на територија на општина Новаци .

Денес на терен извршија увид градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на подружница Битолско Поле -Битола Стојан Георгиевски.

Триесет и пет километри од одводните канали се исчистени во Општина Новаци за речиси еден месец.
Денеска и покрај густата магла механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ го чистеше десеттиот канал на потегот кај селото Новаци.

Според градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски каналската мрежа редовно се чисти и одржува со цел да се намалат последиците од евентуални поројни дождови и поплави.

-“Во соработка со АД Водостопанство , подружница Битолско Поле -Битола повеќе од еден месец работиме на интензивно чистење на одводните канали на територија на општина Новаци со цел во претстојниот зимски период и рана пролет ги избегнеме несаканите последици од евентуално поплавување на земјоделските површини и домови на локалното население .Комплетно исчистените канали ке имаат поголем капацитет да собираат вода со тоа што ќе бидеме подготвени и безбедни во услови на висок водостој на реките и одводните канали.Речиси цел месец „Водостопанство-Битолско поле“ работи во атарите на Општина Новаци , ја чисти каналската мрежа. Денеска заедно со раководството на ова претпријатие сме во обиколка на теренот каде механизацијата го чисти 10-тиот канал кој минува низ селото Новаци. Во изминатиот период некаде околу 35 километри каналска мрежа е исчистена во овој дел. Исчистен е каналот кој оди од Новаци кон РЕК-Битола , каналот што е под депонијата кај рудникот Суводол , што се влива во 10 канал на потегот кај селото Добромири, а го исчистивме и каналот на влезот на селото Новаци кон селото Рибарци. Денеска сме на 10 канал кој се протега од Добромири кон Рибарци и Гнеотино”, изјави градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Минатата година беа исчистени 25км одводна каналска мрежа.

-“Нема застој постојано сме на терен , ангажирани се три машини. Претпријатието располага со човечки ресурси и со механизација. Земјоделците навреме си ги подмируваат трошоците, оние кои должат се договараме како да си ги подмират сметките, потврди директорот на „Водостопанство –Битолско поле“ Стојан Ѓеоргиевски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content