Се празнува Св. Атанасиј Велики во Новаци
31 јануари е последниот ден од овој месец, а воедно и голем празник посветен на Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15 мај Танасовден ‒ летен. Овој светител е познат како голем борец за вистинското православие.
Во народното верување Свети Атанасиј Велики е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Затоа се верува дека главните студови веќе се поминати. Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“
На овој верски празник присуствував на светата божествена литургија заедно со жителите на Новаци.
Еден од адети кои секоја секоја година се прави за верските празници е делењето на лепче со златно крвче, за да се избере кумот за следната година. Среќникот кој го пронајде крвчето и кумот за следната година Александар Угревски.
0 Comments