Се одржа обука за младински активизам
Денес во Општина Новаци се одржа обука за младински активизам, вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и рурален развој кој се спроведува во рамките на проектот ,,Потпри се на младите” финансиран од Европска унија а спроведуван од здруженијата: Рурална коалиција, Македонска развојна фондација за претпријатија, ЈА Македонија и Елит.
На обуката беа присутни младите од Општина Новаци кои работат со ЗГ Младинска граѓанска акција од Новаци, Здружение за заштита од повеќе аспекти – Виктори и Здружени за млади – Младите за промена НВО од Битола со кои Општина Новаци има склучено меморандуми за соработка и разбирање.
Општина Новаци е локална самоуправа која ги поддржува и се грижи за младите и тоа ќе продолжи и во иднина.
0 Comments