Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа велосипедската тура Timeless Trail Tour во Општина Новаци

Општина Новаци за прв пат се појавува како организатор на велосипедска тура, под името Timeless Trail Tour (Безвременска велосипедска тура). Оваа активност е поддржана од SWG (Постојана работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа), GIZ (Германска агенција за меѓународна соработка) и Општина Новаци, во рамките на програмата People to People (од луѓето за луѓето). Самото име на велосипедската тура кажува дека ова не е само обична тура, туку нешто кое покрај тоа што ќе им презентира и промовира на жителите на Новаци и околните населени места здрав начин на живот и користење на превозни средства кои не загадуваат, туку и ќе ги презентираме дел од културно-историските богатства кои општина Новаци ги има.

За таа цел, во рамките на велосипедската тура, се посетија 6 значајни културно-историски локации, и истите им се презентираа на учесниците од страна на 3 лица кои во рамките на овој проект беа обучени и лиценцирани за туристички водичи.

Покрај ова, настанот имаше и забавен дел, односно на нашиот најпознат и најпосетуван рекреативен парк Коњарка, имаше забава, храна и освежителни пијалоци за сите учесници на настанот.

Исто така, уште една цел на овој настан е да ги промовираме локалните производи, фирми, занаети и самата општина, за што имавме и 6 штандови поставени на рекреативниот парк Коњарка.

Се надеваме дека овој вид на велосипедска тура ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува секоја година, збогатена со нови содржини и на различни локации од општината.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content