Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа велосипедската тура во рамките на пограничниот проект „Жива историја, жива природа 2“

13450857_1231118576912046_5937385489948634102_n

Викендов се оджа велосипедската тура на која учество зедоа околу четириесеттмина велосипедисти. Вљубениците во овој спорт возеа околу 50 км на релација Новаци – Зовиќ.

„ Во период од 20 мај 2015 до 19 август 2016 година, Општина Новаци го имплементира проектот „Жива историја – жива природа 2“ финансиран од програмата на Инструментот за предпристапна помош, Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Грција 2007-2013 .На оваа велосипедска тура му претходеше јавен повик за сите заинтересирани учесници, претставници на велосипедски клубови, здруженија и љубители на велосипедизмот за учество на велосипедска тура за промоција на природните и историските патеки во Општина Новаци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Однапред обележаната велосипедска патека е средно тешка и истата е маркирана.          Секој пријавен учествува на сопствена одговорност и е одговорен за сопствената психофизичка состојба. За време на турата треба да се почитуваат насоките од водичите.

„Програмата за велосипедската тура беше следната:Се поаѓаше во 7 часот  од пред општина Новаци при што се пополнуваа листите на присутност, се дела пакети со храна и пијалоци, возење до с.Зовиќ, посета на мостот во ова село каде се ручаше. Велосипедската тура заврши во 18 часот повторно со доаѓање на почетната точка. “ рече Николче Ристевски – водич на велосипедската тура.

Велосипедската тура е втора промотивна тура која се организира во рамките на ИПА прекуграничниот проект  „Жива историја жива природа 2 “ кој општина Новаци го реализира во партнерство со општина Алмопиа, Грција. Минатиот месец беше организирана планинарска тура на која улчество зедоа 160 планинари а до крајот на месецот ќе се реализира и џип турата.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top