Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржаа 16-тите Пелагониски научни културни средби во општина Новаци

14712930_1321687921188436_96778403431241412_o

Викендов во салата на општина Новаци по 16-ти пат успешно беа организирани  Пелагониските културно научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и исто толку зборници. Средбите за прв пат беа организирани во 2001 -та  година и досега учество зеле голем број научни дејци.

Богоја Таневски претседател на Пелагониските културно научни средби вели дека средбите се одржуваат во Новаци бидејќи сите научни дејци се по потекло од овој крај.

Лазар Котевски градоначалник на Новаци вели дека општината застанува зад овие Пелагониски средби кои се од големо значење за општината.

„Мноштво научници од областа на историјата и македонистиката ги презентираат своите трудови посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Општина Новаци секоја година средбата ја финансира со средства од својот буџет“ рече градоначалникот Лазар Котевски.

 

Oпштина Новаци по 16-ти пат беше покровител на научниот собир насловен како „Пелагониски научни културни  средби“.

Back to top
Skip to content