Седумчлена делегација од Општина Новаци во посета на Хрпеље Козина,Словенија
Седумчлена делегација од Општина Новаци денес ја посети збратимената Општина Хрпеље Козина, Р.Словенија.
Градоначалничката Саша Ликавец Светелшек ја претстави општината и проектите кои се започнати и се градат, и она што е направено во изминатите години.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски ги запозна домаќините со општината,тековните и идните проекти и можните полиња на идна соработка.
На свечената седница беа разменети пригодни подароци во знак на доброто пријателство.
Делегацијата го посети здравствениот дом, детската градинка и основното училиште, индустриската зона, митскиот парк и музеј во Родик, посета на фармата Махне во Татре и семејната сирењара, овоштарникот во Прешница и локалниот бизнис за производство на сушено месо во Слопе.
При посетата на доброволното противпожарно друштво во Материја на македонската делегација им беше донирана противпожарна опрема и дваесет комплети противпожарна облека.
Општините Новаци и Хрпеље Козина се звратимени десет години и редовно ја одржуваат соработката и комуникацијата која и понатаму ќе трае.
0 Comments