Реконструкција на локална улица со бекатон плочки во с.Старавина
Во тек е реконструкција на локална улица со бекатон плочки во с.Старавина во должина од 160 м.Ова е еден од 6 -те проекти финансирани од Министерството за животна средина и просторно планирање по програмата за распределба на средства по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општина Новаци во висина од 5.3 милиони денари, како и Програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2021г по склучен договор со Министерството за животна средина и просторно планирање за тековната 2021г .
0 Comments