Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ РАПЕШ-СТАРАВИНА ОД 9 КМ

Денес во присуство на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов , генералниот директор на ЈП Македонија Пат Беким Мемети , градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски и жители од селата од мариовскиот крај , беше пуштен во употреба регионалниот пат Рапеш-Старавина во должина од 9 км од потегот мостот на река Црна до Старавина.

Станува збор за инвестиција од 36.000.000 денари , средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувач на градежните работи ЈП Македонија Пат .
Со градежните активности се започна минатата година кога беа асфалтирани 6 км а оваа година со асфалтирањето на останатите 3км целосно се асфалтира регионалниот пат Битола-Рапеш-Старавина во должина од 53 км .

” Денес е голем ден за жителите од мариовските села кои гравитираат во нашата општина.Денес благодарение на Владата на РС Македонија и ЈП за државни патишта го решивме деценискиот проблем на жителите од овој регион .Не ги оставивме заборавени и излагани , напротив со силни заложби успеавме да ги пуштиме во употреба останатите 9 км нов асфалтен пат од регионалниот пат Рапеш-Старавина за денес сите жители од овој крај да ги користат бенефитите од употребата на веќе 53 км асфалтиран регионален пат и поврзување на Битола со Старавина и Градешница. “-истакна градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top