Противпожарни одела донација од
Голема благодарност до збратимената Oпштина Хрпеље Козина и доброволното противпожарно друштво ПГД Материја кои за нашите доброволни пожарникари ни донираа 20 комплети противпожарни одела со комплетна опрема.
Им благодариме од се срце за оваа нивна донација затоа што огнената стихија има застрашувачка природна сила која мора да се скроти, а за да се совлада еден таков противник не е доволна само храброста, знаењето и умешноста на пожарникарите туку потребна е и соодветна опрема.
0 Comments