Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промотивна инфо-тура низ Мариово во рамките на проектот “Рурална Авантура“

Да се напушти прежешката Битола, да се помине еден ден во Мариово, да се посетат најзначајните место во овој регион е секогаш убаво. Но, тоа се направи во организација и надзор на секој чекор на одличниот познавач на Мариово, д-р Јове Парговски, е начин да дознаете нови работи за овој дел, иако сте мислеле дека знаете многу за Мариово. Парговски како искусен водич “бери гајле“ за сите уште од Битола, ги контактира сите, а на зборното место во дворот на Општина Новаци, детално опишува како ќе помине денот, со точна сатница, ги соопштува сите можни непредвидливи ситуации, и точно во 9 часот започнува едно дневното патешествие низ битолскиот дел на Мариово.

Првата “пит-стоп“ позиција е на после село Рапеш, каде има одличен поглед на кањонот на Црна Река, а по еден час возење по кривулестиот асвалтниот пат се доаѓа до местото викано Црквиште.

На ова прво “запознавање“ со Мариово, а прилика да се запознаете со Мариово, за името, историјата, линијата на фронтот, миграциите, маките на мариовците, празнењата на селата… а Јове како да раскажува нераскажана приказна која сите со внимание ја слушаат и не сакаат да прекине, но патот продолжува. А продолжува до пред село Градешница каде Јове ги распоредува прецизно кој каде ќе оди, за што вели:

-Самоводечки тури низ регионот Мариово, (www.ruraladventure.mk)  имплементиран од здружението “OFF ROAD Macedonia“, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и поддршка, преку Increasing Market Employability (IME) програмата, е токму ова секој сам да определи, според своите можности, како ќе ја помине својата авантура низ Мариово. Сите кои се со мали деца, поради топлото време ќе ги оставиме тука, покрај реката во сенка да уживаат, некои ќе продолжат до село Граденица, а некои со велосипеди ќе направам круг околу селото, краток поради горештините, и секако безбеден.

Претходно на влезот во селото Парговски, како домаќин, потекнува од Градешница, има куќа тука, ја отвора вратата на најстарата црква во Мариово, црквата “Св. Димитрија“, каде сите ги запознава со историјата на црквата, обичаите во селото за Водици, Велигден. Потоа со дел од групата продолжува на сред село, каде се наоѓа железниот споменик, коњ, направен од останати штрапнели, гелери, делови од оружје… претежно соборани на Добро Поле каде е пробивот на фронтот. Се продолжува кон црквата “Св. Никола“ која е најголема во овој регион, а ја “нацртале“ зографи од познатата тајфа од Лазарополе.

-Ова е прилика за нашите гости, а да бидам поточна и јас сум гостинка на Парговски на оваа промотивна тура, да поминат дел од Мариово со велосипед, што е сега актуелно за оние кои сакаат ваква авантура. Иако се беше скратено поради горештината, гостите поминаа одлинчо, а еден друг начин на велосипед, или како ние велиме по битолски, на “точак“ да искусат едно ново доживување, ни рече Емилија Геровска, која ги обезбеди “маунт“ велисипедите, сигурносната опрема која ја имаа сите и секако искусен водич за тури со велосипед.

По два часа поминати, во чиста и недопрена природа во која секој уживаше на свој начин сите се упативме во село Зович, каде веќе од страна на сопственикот на “Кај Мостот“, Митко Крстевски, беше готов и сервиран ручекот. А пред да уживаат во мариовските вкусови, гостите прво го фотографираа и поставија на социјалните мрежи.

-Готвиме специјалитете од Мариово, свинско месо под сач, наше сирење, слатко од смокви, пинџури, а секако и наш домашем леб, печен во нашата фурна, ни рече Митко.

А, додека уживаа во храната, не изостанаа муабетите за Мариово, за тоа како помина денот, кој како помина, со својата “авантура“.

Зоран Тодоровски дел од IME програмата, со чија поддршка беше реализиран проектот, ни рече:-Мариово е дестинација која допрва ќе се открива како потенцијал е нешто што ќе треба полека, внимателно да го градиме и да го ставаме, во нешто што се вика, новите трендови на туризмо, а тоа се активниот туризам, туризам кој се одвива надвор во некои вакви зони на рурална средина. Затоа добро беше што дојдовме да го погледнеме тој потенцијал на лице место, бидејќи “Оф роад Македонија“ го поддржавме во креирањето на неколку самонаречени самоводечки тури кои ќе овозможат поголема афирмација на оваа дестинација. Инаку со “Оф роад Македонија“ имаме одлична соработка, станува збор за сериозна организација, со висок процент, со високо ниво на ентузијазам што е многу значајно за градење  на вакви дестинации бидејќи без љубов кон дестинцијата многу потешко се доаѓаат до добри резултати. Тие се тука, корењата им се од тука, владее со дестинацијата и така ја структуира понудата. Ние ќе ја следиме работата и ќе ги гледаме резултатите од она што го направивме за зголемување на бројот на туристи, директните бизниси во локалната економија, нови капацитети, сместувачки капацитети.

И Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, не го криеше задоволството од промо турата и рече:

-Прв пат доаѓам во Мариово и првите впечатоци се, ајде, многу пати сум зборувал дека Македонија е неоткриена туристичка дестинација воопшто за можеби домашните и странските туристи. Но, Мариово е дестинацијата која сите ние треба да ја откриеме, а тоа што Мариово го заслужувае  да биде едно од најдобрите дестинации за рурален и активен туризам и има можности тоа да го развива во наредниот период. Мора поголема соработка во Општина Новаци и секако државата, повеќе проекти за межународна соработка Ипардот и да се мотивираат туристичките агенции да ги понудат дестинациите кои ги нуди македонскиот туризам.

Се надевам дека во период кој доаѓа ќе се искористи и локалното население и останатите инвеститори, кои ќе инвестираат во автентични сместувачки капацитети, за тоа има доволно место и желба. Сакам да порачам и дека сите треба да поминат еден викенд возејќи велосипед, качувајќи се планините или едноставно капајќи се во ладните води на реките, или каде сме денес во Градешка река, под филмскиот мост.

Промотивната инфо тура беше реализирана со финансиска поддршка на Општина Новаци и градоначалникот Љубе Кузманоски кој вели:

-Мариово е малку населено, но тоа не треба да биде хендикеп туку предност кога е туризмот во прашање и сите заедно можеме да изградиме нешто што ќе има трајни вредности во Мариово и Мариово да стане туристичка детинација за повеќе месеци авантура. Денес сум гостин како и останатите, иако како Општина помогнавме во организацијата. Секогаш кога ќе има вакви инфо тури сме тука, а посебно кога имаме во  Мариово вакви гости кои на било кој начин да ни помогнат Мариово да заживее, а мислам дека сме на вистинскиот пат.

По одморот и ручекот сите се упативме кон фимскиот мост, а таму нахрабрите се искашија во Градешка река. На инфо турата беа поканети и сопственици на туристички агенции од Битола, а Сашо Стојковски од “С Травел“ ни рече:

-Ова заедничко дружење е начин како да се доближиме со размислувањата, со идеите. Не можеме Мариово и секоја друга домашна дестинација да ја заживееме без заедничко дејствување. Нема крадење на идеи, туку само наградба на она што го имаме, а самозаедно со комплетна наша идеја до реализација, ќе добиеме производ кој може сите да го продавама, поединечно тешко ќе опстанеме, ќе за загубиме работејќи се. Но ако настапиме квалитетно ќе бидеме сите препознаени како квалитет, а тоа на сите ќе ни донесе успех, повеќе гости, повеќе профит.

И професииналните водичи беа поканети, но имаше мал одзив од нив, а Горан Пинза кој беше дел од инфо-турате ни рече:

-Не го “работам“ Мариово, бидејќи не знам многу за оваа дестинација. Но, тука го имаме Јове кој одлилно ја познава материјата, историја, места, настани… Можеме да добиеме многу информации од него, совети и надградба на напите знаење. Јас ќе го искристам и ќе порабам на себе за да го имам Мариово во мојата понуда.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top