Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промовирана третата книга „Мост меѓу две срца“ во Културно иновативниот клуб Новаци

dsc_5164

Во Младинскиот културен центар во Новаци се одржа промоцијата на поетската книга за деца „Мост меѓу две срца“, книга 3, која произлезе од деца автори кои учествуваа на истоимениот фестивал во април, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право. 

„ Целта на фестивалот е поттикнување и промовирање на детското творештво, креативно изразување и негова дисперзија и развој во руралните средини. Ние како локална самопоуправа правиме се и колку што е во наша можност ги помагаме овие проекти за да се вроди љубов кон убавиот пишан збор кај децата. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На настанот им беа доделени дипломи за прво, второ и трето место за најдобрите и најуспешните а на менторите и наставниците им беа доделени благодарници за учеството во проектот.

Фестивалот е организиран од Културно-иновативниот клуб-Новаци во партнерство со ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и Општина Новаци. Оваа година на фестивалот учествуваа претставници од шест основни училишта од пет општини во регионот.

Наградени:

1-Татковино моја-Димитар Шутиновски IX одд ОУ Коле Канински -Битола

2-Мост меѓу две срца- Сара Стојановска ОУ Славко Ламбарковски– Новаци

и Македонски јазик- Елена Шулевска ОУ Коле Канински – Битола

3-Во детското царство – Михаела Аџиоска VI одд.- ОУ Јонче Смугрески -Обршани

и Мост меѓу две срца – Стефанија Пецаковска ОУ Браќа Миладиновци -Дедебалци

Одделенска настава:

1- Насмеани букви – Јован Јончиќ ОУ “Славко Ламбарковски” -Новаци

2-Книга мала-Анастасија Митровска ОУ “Браќа Миладиновци”- Добрушево

3-Две срца помеѓу мост- Димитар Мартиновски  ОУ “Кочо Рацин”- Ивањевци

 

Back to top
Skip to content