Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПРОЛЕТНА ОФАНЗИВА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗЕЛЕНИЛО И ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

И во време на пандемија ,во недела, за време на полициски час ,кога сите остануваат дома,Општина Новаци заедно со екипи од ЈКП Комунална Хигиена од Новаци остануваат силно посветени на одржувањето на јавната чистота ,сервисирње на граѓаните и уредување на јавното зеленило .

Капацитетите на ЈКП Комунална Хигиена се целосно ставени во функција на потребите на граѓаните и во функција на уредување и подобрување на локалната средина.

Особено важно е што при овие активности на пролетна офанзива , целосно се почитуваат препораките и задолжителното носење на заштитна опрема од страна на вработените од Комуналното претпријатие.

Додека Вие ,граѓаните останувате дома и ги почитувате мерките и препораките ,Општината и ЈКП Комунална Хигиена посветено работат за поубава , почиста и позелена Општина Новаци .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top