Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжува соработката помеѓу двете општини Новаци и Алмопиа, Грција

Двата градоначалници на пограничните општини Новаци и Алмопиа, Р.Грција ,Љубе Кузманоски и Христос Патсис , викендот се сретнаа во Лутраки на прва официцијална средба на која се запознаа меѓусебе но и ги договорија начините на кои овие општини ќе соработуваат и понатаму во наредниот период.

„ Отворен е нов повик од Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција па ние како две општини во пограничниот регион кои во минатото успешно имаме реализирано два вакви проекти од оваа програма, логично беше повторно да договориме соработка . Состанокот беше доста успешен покрај што за прв пат се запознав со мојот колега разменивме доста идеи како да соработуваме и да ја продлабочиме нашата соработка. “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Во тек е повикот  за поднесување апликации за предлог проекти  на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија за период 2014-2020 . Истиот е објавен на ден 10 Декември, 2019 год а краен рок за аплицирање е 10.03.2020 .

„ Особено мие задоволство што ќе соработуваме и понатаму со општина Новаци со која веќе успешно имаме реализирано два проекти од областа на развој на туризмот и заштита на културно историското наследтво “ рече Христос Патсис, градоначалник на општина Алмопиа.

Општините Новаци и Алмопиа успешно ги реализраа проектите „Жива историја, жива природа 1 и 2“ од истата програма.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top