Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжува соработката на општина Новаци со амбасадата на Р Франција во Македонија

На покана на амбасадорот на Р.Франција во Македонија Н.Е.г. Кристијан Тимоние, градоначалникот Љубе Кузманоски присуствуваше на работна средба на која присуствуваа пратеници од собранието на Р.Македонија ,претставници од парламентот на Р.Франција како и градоначалници од неколку општини од Македонија .
На средбата беше истакнато задоволство од интензивирањето на меѓусебната соработка на локално , меѓуинституцијално и меѓународно ниво .
Заедничките ставови од оваа средба беа во насока на развивање и интензивирање на локалните политики на соработка во областите на економијата , културата , туризмот , образованието , спортот на државно и меѓународно ниво , комуникацијата со регионите како и учеството во заеднички проекти на ЕУ-фондовите и прекуграничната соработка што би допринело за поголем економски развој и инвестирање во општините. .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top