Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Програмата за граѓанско лидерство во општина Новаци

12669713_577333949093439_7309528896321954395_n

Kултурно иновативниот клуб со семинарот за лидерство и волонтеризам започна со реализација на проектот Програма за млади наречена CLIMON -CIVIC LEADERSHIP IN MUNICIPALITI OF NOVACI .

Овој проект е поддржан од спа грант на Мировен корпус и Општина Новаци и истиот ќе се имплементира три месеци. Програмата содржи шест семинари кои ќе ги водат стручни лица од повеќе области во кои што младите ќе имаат можност да се запознаат и да се обучат за градење на вештини и капацитети во рамките на заедницата кои што понатаму ќе продолжат да се користат континуирано секоја година во активностите кои се спроведуваат во заедницата и околината.

Програмата активно ќе придонесе за едукација, промоција, документирање,создавање на слики и видеа кои ќе бидат од интерес на заедницата .

Овој проект ќе се претстави како пример за развој во другите рурални општини преку заедничка соработка на НВО и општини во регионот. Предвидени се обуки за лидерство,волонтеризам,креирање на фото проекти за пејсажни ,уметнички,новинарски фотографии,маркетинг консалтинг,обуки за креирање на документарен филм и архивирање на податоци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top