Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРИРЕДБА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЦОУ “СЛАВКО ЛУМБАРКОВСКИ”

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници ,градоначалникот Љубе Кузманоски го посети централното основно училиште “Славко Лумбарковски” во Новаци каде заедно со директорот Илче Соклевски присуствуваше на предновогодишната приредба организирана од учениците од ова училиште.

Со богата новогодишна програма и кореографија основците поготово оние најмалите првачињата го најавија испаќањето на старата и доаѓањето на новата година .

“Задоволство ми е што можам претпразнично да се дружам со основците од централното училиште “Славко Лумбарковски” во Новаци и да им подарам новогодишни пакетчиња од името на локалната самоуправа .Им посакувам многу здравје и успех , љубов и радост во Новата година.”-истакна градоначалникот Кузманоски

Годинава општината обезбеди 310 новогодишни пакетчиња за учениците од централното и подрачните училишта , за дечињата од Центарот за ран детски развој “Бамби”, за дечињата на вработените во општинската администрација како и 70 пакетчиња за дечиња од помалите населени места кои не добиваат пакетчиња и социјални семејства .

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top