Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Предлог буџетот на Општина Новаци за 2022 година одобрен од советниците

На денешната третта седница на Советот на Општина Новаци беше разгледан и одобрен предлог буџетот на Општина Новаци за фискалната 2022 година. Локалната самоуправа за следната година проектирала основен буџет во висина од 1.9 милиони евра или 117.980.725,00 денари односно вкупниот буџет на општината изнесува 2,5 милиони евра или 153.412.725,00 денари.

„Покрај основниот буџет општината има и приходи од самофинансирање кои изнесуваат 554.000,00 денари, приходи од донации 200 000,00 денари, блок дотации во износ од 34.678.000,00 денари.Капиталните расходи изнесуваат 51.847.392,00 денари а тековно опративните расходи 101.565.333,00 денари. Со овај планиран буџет треба да ги платиме големите долгови од претходното раководство но секако дека имаме и проекти кои ќе ги реализираме како субвенциите за климатизери кои веќе стартуваа, во најбрз можен рок ќе го објавиме и повикот за субвенции за жителите на Општина Новаци за изградба на термоизолациони фасади, потоа субвенции за земјоделството односно за засадување на специфични култури и системи за наводнување „капка по капка“  , изградба и реконструкција на улици, детски паркови, урбана опрема, капели, канализации со пречистителна станица и сл.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

            На денешната седница беше именуван претставник од Општина Новаци во училишниот одбор во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“и разрешени се старите членови на персоналниот состав на Штабот за заштита и спасување во единица на локалната самоуправа Новаци и именување на нови членови.

Пред советниците се најдоа на разгледување и неколку програми и извештаи за тековното работење на општината како: предлог програма за работа на Советот на Општина Новаци, предлог измена на годишниот план за јавни набавки за 2021 година, буџетскиот календар и одлуката за извршување на буџетот за 2022 година, предлог правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка односно субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување, предлог програма и акционен план за социјална заштита на граѓаните во Општина Новаци за 2022 година, предлог одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација, годишен извештај за работата на ЗУСК „ Славко Лумбарковски“ Новаци за учебната 2020/2021 година и барањето за доделување на нови.

Советниците го разгледаа и усвоија извештајот за потрошените средства на КУД Новаци за 2021 година и барањето за доделување на нови за следната година, барања за финансиски средства за лекување од физички лица, за градежни материјали од црквата Св. Апостол Филип и Св. Апостој Вартоломеј во с. Долно Орехово, за натпреварување во есенскиот дел од 2021 година од ЗФК Пелагонија Добромири и ЗФК Новаци.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top