Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РСМ, а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци за спроведување на превентивна системска дезинсекција на територијата на општина Новаци, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола започна со спроведување на првата фаза од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.Првата фаза од дезинсекцијата започна да се извршува во текот на вчерашниот ден(05.07.2021) и ќе продолжи во текот на денешниот ден (06.07.2021) во период од 20.00ч до 01.00ч со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, околу каналскиот систем, локалитети со застојни водени површини и урбани населби.Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top