Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Православните христијани денес го слават празникот Св. Архангел Гаврил

Православните христијани денес го слават празникот Св. Архангел Гаврил. Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител. Заедно со Св. Архангел Михаил, Св. Архангел Гаврил е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител.

По тој повод денес го посетив истоимениот манастир во с. Скочивир каде заедно со мноштвото верници го славев овој голем светец и христијански празник.

Светиот Архангел Гаврил е благовесник на зачнувањето на нашиот Бог Исус Христос, Синот Божји. Но, со архангел Гаврил се поврзуваат сите настани што имаат врска со Христовото вочовечување. Тој ја посети Богородица и ја извести дека дошло времето на воплотувањето на Логосот Божји, и дека таа ќе биде Неговата мајка. (види Лк. 1, 26-56) Неговиот спомен Светата православна црква го празнува следниот ден по Благовештение на Пресвета Богородица, односно на 8 април, според новиот (или на 26 март според стариот) календар. Празникот е наречен собор бидејќи тогаш во храмовите се собираат оние што веруваат во него. Заедно со Архангел Михаил тој е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител.

Освен што на Богородица и се јавил во Назарет и и’ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот Исус Христос (Свето Благовештение), тој е познат и со повеќе други јавувања како во Стариот така и во Новиот завет. На Захарија му се јавил и му соопштил дека ќе му се роди син што ќе се вика Јован (св. Јован Крстител), а поради тоа што овој не поверувал го казнил со одземање на гласот до раѓањето на синот.

Православната црква го востановила празникот Собор на Св. Архангел Гаврил што се празнува на 26-ти јули според новиот (или на 13 јули според стариот) календар.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content