Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Новаци и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски и ректорот, проф. д-р Аце Миленковски од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка.

„ Со овој документ на некој начин ја прецизираме нашата меѓусебна соработка помеѓу овие две институции во делот на: Партнерство во аплицирање на проекти кои се од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, организирање на настани од заеднички интерес, подобрување на капацитетите на вработените во општината со реализација на обуки, работилници и семинари од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, експертска поддршка во сферата на градење и креирање на атрактивни туристички брендови на ниво на Општина Новаци, воспоставување на соработка со општини и градови со кои едната страна веќе соработува како и доделување на петнаесет стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на располагање на Општината Новаци.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Претходно Општина Новаци потпиша Меморандум за соработка и со Правниот факултет при Универзитетот „Свети Kлимент Охридски “ од Битола.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content